Filters
Пребарување
БЛАНК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БЛАНК се занимава со изработка на компјутерски и деловен софтвер

- Софтвер за целокупната финансиска евиденција
- Софтвер за материјална евиденција и производство
- Софтвер за услужни дејности
- Софтверски пакет Blank Business Mediator

Изработка на софтвер по нарачка, Изработка на апликативен софтвер, Изведба и одржување на мрежи, Продажба на опрема и периферни елементи, Продажба на лиценциран софтвер од Microsoft

Подетално за компанијата

BLANK Software

Компанијата BLANK Software се занимава со изработка и одржување на деловен софтвер, како и негова имплементација. На пазарот, на кој сме присутни веќе 27 години, сме познати по нашите пакети деловен софтвер од областа на: финансиска евиденција, материјална евиденција и производство и софтверскиот пакет за услужни дејности, кои овозможуваат централизирано управување со податоците, ниски трошоци и поголемa продуктивност во работењето. Софтверските решенија на BLANK Software се дизајнирани да ги задоволат бизнис потребите на процесот на работа во мали, средни и големи компании и посебно потребите на нивниот менаџмент на сите нивоа.

Посебно сме горди на софтверските пакети BLANK Business Mediator во кој е вградено 20 годишното искуство на луѓето кои се вработени во BLANK, кои се високо квалификувани и сертифицирани во своите области. BLANK Business Mediator е интегриран систем кој користи централизирана база на податоци со единствен внес, со што овозможува заштеда во времето и пониски трошоци во работењето. Business Mediator-от е достапен во повеќе софтверски пакети.

blank-software-clubeconomy
blank-software-clubeconomy

Финансиска евиденција

Пакетот ФИНАНСИСКА ЕВИДЕНЦИЈА го опфаќа целокупениот процес на финансиски движења во едно претпријатие. Во оваа категорија на деловен софтвер вклучени се деловни програми за водење на финансиските текови (финансово работење - салда/конти, благајничко работење, фактури, пресметка на плата, книга на влезни фактури со вирмани, основни средства...). Деловните програми кои спаѓаат во категоријата финансиска евиденција, можат да работат самостојно и да се меѓусебно поврзани во интегриран систем - Business Mediator со централизирана база на податоци.

Види повеќе
blank-software-clubeconomy

Материјалната евиденција

Пакетот МАТЕРИЈАЛНА ЕВИДЕНЦИЈА поврзува и содржи деловен софтвер кој се грижат за движењата, количините и салдата на материјалите, полупроизводите и готовите призводи во претпријатието. Тука е опфатена големопродажбата и малопродажбата. Посебен дел од материјалната евиденција е евиденцијата на производствениот процес (работни налози, нормативи...). Целокупниот деловен софтвер кој е дел од оваа категорија е поврзан во интегриран систем - Business Mediator, а исто така секој деловен програм може да работи самостојно.

Види повеќе
blank-software-clubeconomy

Услужни дејности

Пакетот УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ како категоријата на деловен софтвер, ги опфаќа деловните програми за брза и точна евиденција на услугите. Во делот на услугите спаѓаат деловни програми за регистрација на возила, технички преглед, авто школа, туристичка агенција, евиденција на студенти по домови... Деловниот софтвер од оваа категорија е изработен по порачка на клиентите и е изработен според нивните потреби и во склад со законски норми и регулативи. Сите деловни програми можат да работат самостојно односно поврзани во интегриран систем со централизирана база на податоци.

Види повеќе

BLANK Business Mediator

Доколку Ви е потребен деловен софтвер за мал, среден и голем бизнис, Business Mediator е вистинскиот деловен софтвер за Вас. Business Mediator-от е достапен во повеќе софтверски пакети, во зависнот од големината и потребите на Вашето работење. Business Mediator-от ги следи сите ресурси во реално време. Тоа овозможува менаџментот на компанијата, во секој момент да добие извештај односно да ги следи трошоците во моментот на создавање и веднаш, во од да го приспособува работењето.

Blank Business Mediator е архитектура изградена како компактен систем со јака бизнис логика, цврсто интегриран во три основни движечки мотори – единствен внес, брза и точна обработка и јасни извештаи за контрола и одлучување. Blank Business Mediator Ви нуди комплетно интегриран процес од софтверски пакети кој овозможува брза, лесна и точна евиденција на целокупниот процес на работа во едно претпријатие. Неговите перформанси се така оптимизирани да може да се работи во една затворена мрежа или на далечина, што овозможува координација и контрола на дислоцирани работни единици.

blank-software-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борка Талески бр. 26/2-9, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/252 277

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа