Filters
Пребарување
БИС ИНЖЕНЕРИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БИС ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со:

- Идејни и главни проекти за автоматизација на производствени процеси, компјутерски системи за надзор и управување, нисконапонски електрични мрежи (0.4 kV), сигнализација, осветлување, инсталации во електро енергетски објекти, згради и други објекти.

- Изработка на ормари за контрола, управување и заштита, ормари за надзор и управување на производствени процеси во индустрија, разводни ормари за напојување, инсталациони нисконапонски ормари

- Автоматизација на индустриски процеси, реконструкција на дистрибутивни и индустриски трафостаници.

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
Лиценца А за проектирање градби од прва и втора категорија
Лиценца Ц за за изведување градби од трета категорија
Лиценца Б за ревизија на проектна документација
Лиценца Д за надзор на изградба на градби од четврта и петта категорија

Подетално за компанијата

БИС ИНЖЕНЕРИНГ

БИС ИНЖЕНЕРИНГ e формиран во 1990 година. Компанијата реализира услуги од областа на проектирање,инженеринг, консултантски услуги, обуки, производство и изведба на системи за компјутерски надзор, управување, автоматизација и прилагодување во преносни, дистрибутивни трафостаници,индустриски и телекомуникациски објекти.

Компанијата е фокусирана на изнаоѓање решенија во автоматизација на процесите кои им помагаат на клиентите во зголемување на продуктивноста, сигурноста во работењето, намалување на човечкиот фактор, лесна дијагностика и одржување.

Со најповолниот однос цена/перформанси, обезбедената гаранција и сервис, производите и услугите на БИС ИНЖЕНЕРИНГ се високо прифатливи како за вообичаените, така и за најпребирливите бизнис кориснци. Инвестирањето во технологијата и високото ниво на професионализам на нашите вработени е основата за нашиот развој.

Види повеќе
bis-inzenering-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Со придржување кон принципите на висока професионалност како во набавката така и во имплементацијата на новите производи, на нашите партнери им пренесуваме технологија и информации, со чија помош тие секогаш имаат предност на пазарот.

Континуираната едукација по најсовремени светски стандарди е обврска, а воедно и предност на секој вработен во БИС Инженеринг.

bis-inzenering-clubeconomy

БИС ИНЖЕНЕРИНГ ја темели својата работа на користење и соработка со познати светски компании производители на опрема, интегрирајќи ја во своите инженеринг проекти. Имаме потпишани договори за дистрибуција, техничка подршка, сервисирање, проектирање со:

  • • LENZE – мотори, фреквентни регулатори, серво позиционери, ДЦ регулатори...

  • • GE Multilin – заштита и управување

  • • SWARCO – контрола и управување со сообраќај

  • • AUTOMATION DIRECT – PLC; нисконапонска опрема

  • • УНОЛУКС ПРОЦЕСИНГ – PLC; Touch screen монитори

  • • WEINTEK - Touch screen монитори

  • • SIEMENS – PLC; нисконапонска опрема

  • • OMRON - PLC; Touch screen монитори

  • • KOYO - PLC

  • • UNITRONICS - PLC

  • • SCHNEIDER ELECTRIC – PLC; нисконапонска опрема

  • • ELPRO – радиотелеметриски PLC уреди

  • • Wonderware - SCADA

  • • WinCC - SCADA

  • • Indusoft - SCADA

  • • CIMPLICITY - SCADA

  • • PROZANet KONCAR - SCADA

  • • Sheenly – внатрешно енергетски- ефикасно осветление

  • • Ecolight – внатрешно и надворешно енергетски- ефикасно осветление

  • • Techlumen – внатрешно и надворешно енергетски- ефикасно осветление

РЕФЕРЕНЦИ

БИС Инженеринг богато портфолио за услугите кои ги нуди во следните области:

  • • Електростопанство

  • • Металургија

  • • Цементна индустрија

  • • Водостопанство

  • • Топлификација

  • • Прехрамбена индустрија

  • • Инфраструктура

  • • Разно...

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Никола Парапунов бр. 41, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3123 849

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи