SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








МАШИНИ ЗА ВАШЕТО ХОБИ, ЗАНАЕТ, МАЛ БИЗНИС ИЛИ ИНДУСТРИЈА

Модернизирањето на производствените процеси секако ја опфаќа и индустријата за обработка на материјали и сè повеќе рачната обработка се заменува со машинска. Алатките на занаетчиите се во голем дел модернизирани и работата е олеснета и автоматизирана. Фирмата Тримод Тим ги прати овие трендови и во својата програма за работа се занимава со изработка на CNC машини кои се водат под брендот GOBA CNC.

Брендот GOBA CNC опфаќа CNC машини за различни намени. Машините од типот GOBA CNC M1 во суштина претставуваат CNC управувани фрези или фрези управувани со компјутер и имаат широк спектар на примена. Овие машини може да се користат за вашето хоби, занаетчиско производство, мал семеен бизнис како и за индустриско производство. Различните модели од типот GOBA CNC M1 може да се разликуваат по димензии, начин на изведба или јачина на фреза. Помалите модели доаѓаат без постамент, а поголемите со постамент.

GOBA CNC M1 машините може да се користат за 3D длабење и отсекување на дрво и други дрвени производи како што се медијапан, иверица или шперплоча. Без разлика дали се прават дупчења на материјалот, линиски вдлабнатини или посложени елементи изработката е беспрекорна. Освен дрво со GOBA CNC M1 може да се обработуваат и пластики. Овие машини имаат широка примена и може да се користат за изработка на орнаменти и украсни елементи, елементи за мебел и дизаниран ентериер како и предмети или елементи за предмети кои се користат за секојдневна употреба. Финоста на површината на изработениот елемент зависи од повеќе фактори како што се: типот на материјал кој се обработува, типот на бургии и штелување на машината. За одредени материјали потребна е дополнителна финална обработка со шмирглање или премази.

Од GOBA CNC M1 типот на машини би ја издвоиле GOBA CNC M1 PRO поради нејзините димензии и јачината на фрезата кои се доволни за обработка на повеќето дрвени и пластични материјали.
Работната површина на оваа машина е 1100 x 1250 mm и висина по Z оска до 170 mm, а нејзиниот габарит или надворешни димензии се 1800мм х 1800мм. Јачината на фрезата е 2.2 kW, со векторска фрекфентна контрола на вртежи и истата има водено ладење со помош на пумпа.
Придвижувањето е со помош на четири степер мотори од 3.6 Nm од кои два се на Y оска, еден на X оска и еден на Z оска. Системот за движење е опремен со навојни вретена и HGR 20 профилирани индустриски лизгачи со што се овозможува лесно движење при различни температури како и голема прецизност на машината. Прецизноста на машината зависи и од стабилноста на подлогата на која е поставена самата машина, а во овој случај металната конструкција овозможува добра стабилност на машината. За да се добијат најдобри резултати при обработка на материјалите, преку контролната табла се прават различни штелувања на брзината на движење и вртежите.

Работата на машината е контролирана преку компјутер со соодветен софтвер. За изработка на одреден елемент потребно е да се има фајл за работа кој се вметнува во софтверот, а потоа треба да се направат софтверски подесувања и машината да се стартува со работа. Доколку сте вешти и поседувате соодветен софтвер, фајловите за работа може да ги изработувате сами, но може и да купите веќе готови фајлови за работа.

GOBA CNC M1 машините доаѓаат во неколку стандардни конфигурации, но инженерите на Тримод Тим ви излегуваат во пресрет доколку имате потреба од машина која ќе ги задоволи вашите специфични технички потреби. Моделите може да се видат на нашата веб-страница.

При набавка на GOBA CNC машина тимот на Тримод Тим врши бесплатна достава, монтирање и обука за работа со машината во вашите простории. Машината има гаранција од една година, а нашиот тим обезбедува сервис и резервни делови.

Доколку се одлучите да ги реализирате своите идеи со GOBA CNC, нашиот тим е секогаш тука за вас.