Filters
Пребарување
КУТЕР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КУТЕР се занимава со производство и продажба на сувомесни производи со врвен квалитет, произведени по традиционални рецепти:

- Колбаси
- Сланина
- Печеница
- Врат
- Долготрајни колбаси и други сувомесни производи

Подетално за компанијата

Компанијата КУТЕР започнува да ја врши својата дејност во далечната 1992 година. Од тогаш до денес фирмата произведува и на пазарот нуди повеќе видови сувомесни производи кои се добро прифатени од потрошувачите заради нивниот висок квалитет и одличен вкус. Купете некој од производите на КУТЕР и уверете се во врвниот квалитет и незаборавниот вкус.

kuter-clubeconomy
kuter-clubeconomy

Ние во КУТЕР негуваме долгогодишна традиција која трае повеќе од 30 години. Со нашето производство и продажба на сувомесни производи успеавме да израснеме во успешна компанија која својот успех го темели врз задоволството на клиентите. Она што можете да го најдете во понудата на КУТЕР се високо квалитетни димени колбаси (тенки, домашни, домашни со праз, сецкани), димен врат, димена сланина, димена печеница, димени коски, димени ребра. Во производството употребуваме само најквалитетно месо, рецептите се наследени од мојот дедо Павле и татко Киро кои беа стари мајстори за производство на сувомесни производи и се дел од традицијата и животното наследството на овие краишта. Технологијата, пак, е една од најсовремените. Ова е нашата формула на успехот и е најголема гаранција за постојаноста во квалитетот.

КУТЕР сувомесните производи првенствено ги пласираме во прилепскиот регион и околните градови. Буквално сите потрошувачи што еднаш ги имаат пробано, потоа стануваат наши редовни купувачи и често ни се случува луѓе кои не се од овој регион, а ги пробале нашите колбаси, сланина, свински врат, печеница... да ни се јавуваат и прашаат каде можат да ги купат.

Залудно е повеќе да зборуваме за посебниот вкус на сувомесните проузводите на КУТЕР. Постои само еден начин за да се уверите зошто ние сме вистинскиот избор, а тоа е да пробате барем еден наш производ. Оние кои знаат за што станува збор не препорачуваат на други, а тие потоа стануваат наши лојални клиенти.
 

Компанијата КУТЕР и во иднина останува доследна на определбата да произведува само висококвалитетни производина, основен принцип врз кој го темели досегашното работење. Тоа значу повеќе задоволни клиенти и освојување нови пазари преку промовирање на прекрасниот вкус на КУТЕР сувомесните производи.
 

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Браќа Миладиновски бр. 1/ 4, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/208 308

Социјални медиуми

Лице за контакт