Velvet led
диспанзер за рачни крпи со електронски сензор

Компанијата ДЕ-ЛО ХИГИЕНА нуди комплетни и сигурни хигиенски решенија за вашата компанија, канцеларија, дом... Нудиме професионални средства и препарати за хигиена и дезинфекција, материјали, алатки, прибор, машини за индустријата, HoReCa сегментот, болници, училишта, домаќинства..., со висок квалитет, од познати светски брендови. Компанијата постои од 2015 година и веќе е етаблирана на пазарот од југозападниот дел на Македонија. Нудиме комплетни хигиенски решенија за сите индустрии, но би ги издвоиле: прехранбената, млекарската индустрија, производството на сокови, вода, автомобилската индустрија, медицината...
Новина во ДЕ-ЛО ХИГИЕНА е застапството на познатиот грчки бренд Hygiene Service, а ги застапуваме и брендовите: Diversey, Lucart professional, Vileda professional, Selpak professional, Buzil, Blossom...

Hygiene Service Macedonia нуди комплетни и сигурни хигиенски решенија за:
- дезинфекција за санитарни тоалетни јазли
- антибактериски пена сапун и диспанзери
- 100% природен инсектицид против муви, коњски муви, комарци, пеперутки, лебарки, мравки и стоногалки
- неутрализатор на миризба и уништувач на сите заразни бактерии, вируси и микроорганизми во воздухот
- ароматизирање на професионален простор
- тоалетна хартија и диспанзери
- хартиени бришачи за раце и диспанзери
Нашите техничари ќе постават диспанзери во вашиот објект, со обврска за одржување и редовна замена на рефили.


Повеќе од 30.000 бизниси во Грција ја избраа услугата за автоматска дезинфекција на Hygiene Service како најбезбедно решение за дезинфекција на WC школките. Обезбедете апсолутна хигиена за сите.
- Апсолутна хигиена
- Безбедна дезинфекција
- Совршено чистење
- Траен пијатен а мирис
Средство против инсекти за големи површини. Сигурни резултати во борбата и одбивањето на инсектите. Професионална програма против муви, коњски муви, комарци, пеперутки, лебарки, мравки и стоногалки. Се користи во: професионални кујни, индустриски објекти за преработка на храна, во ресторани, пекарници, слаткарници, хотели, продавници, болници, индустриски зони, магацини...


Подобрете го квалитетот на вашиот професионален простор и позитивно влијаете врз расположението на клиентите и вработените. Француско производство со највисоки стандарди. Изберете од богатата палета на освежувачи за простории - освежителни, релаксирачки, овошни или комплексни ароми, за беспрекорен и свеж мирис на вашите простории. Идеално за: хотели, бизнис центри, продавници, кафулиња, ресторани, соблекувални, WC простории...




Улица: Ул. Кирил Вангелов бр. 9 (Довлеџик), 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија