SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








30 години Кожувчанка - Јубилеј на успех, партнерство и визија

30 години Кожувчанка - Јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка деновиве го прославува својот голем јубилеј - 30 години од создавањето на овој бренд.

Приказна која започнала во 1995 година во подножјето на Кожув планина, денеска од локален производител прерасна во бренд со национално и меѓународно признание.

Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци, со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех. На настанот тој го најави и новиот бренд - Aqua Mila, природна изворска вода која го носи иметона неговата ќерка.

На настанот се обрати и Г-ѓа Јанинка Чупаркоска,Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка. Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка - вработените, потрошувачите и партнерите:

Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето - нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници. “

Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.

Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производствона вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства - како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.