КАЗАБЛАНКА дооел е компанија од средна големина која се занимава со производство на таан и преработка на сиров и лупен сусам. Компанијата е основана во 2000 година како продолжение на стара фамилијарна традиција, а со производство и продажба на таан започнавме во 2005 година.
Своите производи КАЗАБЛАНКА ги пласира на македонскиот пазар, а дел извезува во Србија, Косово, Грција, Хрватска и Австралија. Продажбата се врши на големо во рефус пакувања, додека во малопродажбата настапуваме со обичен и интегрален таан пакуван во тегли.
Покрај производство на таан и процесирањето на сусам КАЗАБЛАНКА врши и дистрибутивни услуги, како на територија на Македонија, така и во странство. Нашата визија е да го зголемиме асортиманот на производи кои содржат таан и да започнеме со производство на алва, хумус, преливи за салати и ладно цедено сусамово масло.