МОНТАЖНИ КУЌИ
Градски куќи
Планински куќи и брвнари
Викенд куќи
Бунгалови
Градски куќи
Планински куќи и брвнари
Викенд куќи
Бунгалови
Деловни простори и канцеларии
Производствени хали
Излетнички и угостителски комплекси
Настрешници
Перголи
Летниковци
Клупи и маси
Огради
Штандови
Киосци
Куќи за домашни миленици
Внатрешни скали
Огради
Преградни перфорации
Полуѕидови
Подови од полно дрво
Ламперии
БУЛАРТ КОНСТРАКШН дооел е градежна компанија која се занимава со изведување завршни работи во градежништвото, обработка на дрво, изработка на монтажни куќи и сите други видови монтажни градби, по прицнипот „клуч на рака“.
Производниот погон е лоциран во село Смиљковци, се протега на површина од 500м2, опремен е со машини за груба и фина обработка на дрво, како и за произведство на полу-фабрикувани и целосно фабрикувани елементи за изведба на нарачаните објекти.
БУЛАРТ КОНСТРАКШН од почетокот на своето постоење е посветена на квалитетна изработка и целосно пресретнување на Вашите потреби. Главната заложба ни е промовирање на дрвото како природен, евтин и обновлив градежен материјал, кој воедно е нераскинлив дел од македонската градителска традиција.
Преку постојаната заложба да градиме еколошки и енергетско ефикасни објекти, компанијата придонесува за поквалитетен живот на нашите клиенти, а воедно придонесуваме и кон зачувување на природата, обезбедувајќи поубава иднина за сите.
БУЛАРТ КОНСТРАКШН изработува и внатрешни скали од масивно дрво во најразлични форми и димензии, потоа газишта и ограда за веќе постоечка скалишна конструкција, прозорци и прозорски врати од масивно дрво, влезни и внатрешни врати од масивно дрво, со стандардизирани димензии или по мерка на нарачателот. Нуди квалитетна и брза изработка на сите завршни работи во градежништвото, како: молерски услуги, електрика, водовод, изведување на санитарни чворови и други занаетчиски услуги.
Изработуваме идејни решенија за сите видови објекти од 4 и 5 категорија, како и ентериерни решенија за веќе изведени објекти. Решенијата се презентираат низ технички цртежи и соодветни просторни визуелизации. БУЛАРТ КОНСТРАКШН располага со хидрауличен кран HIAB 100, со домет од 9 метри и носивост од 500 кг/9м. Даваме и услуги во кроење и обработка на граѓа, по зададена спецификација на димензиите и начинот на обработка на елементите и услуга во анализа на кровни конструкции, со детална спецификација на сите потребни елементи за нивна изведба.
Улица: Ул. Павле Божинов бр. 106 В, село Смиљковци, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија