Filters
Пребарување
БМГ Алуминиум

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БМГ Алуминиум се занимава со увоз и продажба на:

- Алуминиумски и ПВЦ профили и додатоци за сите видови градежна столарија 
- Влезни врати
- Профили и додатоци за огради 
- Оков за ПВЦ и алуминиумска столарија
- Брави, цилиндри
- Пурпена
- Aлуминиумски композитни панели
Алуминиумски профили за соларни монтажни системи

БМГ Алуминиум е генерален застапник на украинските WDS ПВЦ профили за градежна столарија, кои го поседуваат интернационалиот сертификат ROSENHEIM

БМГ Алуминиум се занимава и со увоз и продажба на ѕидни и покривни сендвич панели, во најразлични дебелини, должини и со широк спектар на бои

Ново! Алуминиумски профили за монтажа на соларни системи

Инсталаторите на системи за соларна енергија се потпираат врз брза и лесна инсталација, ниски трошоци за склопување и флексибилност. Она што можеби не го знаете е дека екструдираните алуминиумски профили го овозможуваат тоа. Заштедете време и пари со алуминиумските профили.

Алуминиумот има идеални својства за изградба на фотоволтаични системи:

  • - Алуминиумот е цврст, но лесен, така што оптоварувањето на покривите и другите површини е намалено

  • Нуди врски со кликнување и приклучување и намален број на поединечни делови и компоненти, што го олеснува склопувањето, како и расклопувањето

  • Отпорен е на корозија, бара помало одржување и има подолг работен век на компонентите

  • Извонредните својства на алуминиумот може да се подобрат со различни завршни или површински третмани, како што се анодизирање или премачкување во прав.

Поодржлив и кружен

Алуминиумските профили на Hydro бескрајно се рециклираат и може да се претопат во нови профили во нашите капацитети за рециклирање. Со снабдување на вашиот ниско-јаглероден проект со рециклиран алуминиум, заедно помагаме во намалувањето на глобалните емисии на јаглерод и создавање на поциркуларна економија.

Нашиот тим од експерти за соларна енергија може да ве поддржи со заедничко креирање, физибилити студии, еко-дизајн и техничка помош во текот на целиот процес. Со нашиот сопствен оптимизатор за форма, на пример, можеме да помогнеме во дизајнирањето на вашите алуминиумски профили со минимално користење на материјал.

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

Подетално за компанијата

БМГ Алуминиум

БМГ Алуминиум е компанијата со долгогодишно искуство на пазарот на алуминиумски и ПВЦ профили, кои ги набавуваме исклучиво од најпознатите производители во Европа и затоа можеме да гарантираме за нивниот врвен квалитет. БМГ Алуминиум е реномирана компанија лоцирана во Скопје, во Индустриската зона Визбегово, со мрежа на партнери и соработници на целата територија на Македонија.

bmg-aluminium-clubeconomy

АЛУМИНИУМСКИ И PVC ПРОФИЛИ

Во нашата бранша завземаме едно од водечките места во големопродажбата на алуминиумски и ПВЦ профили, потоа профили и додатоци за огради, оков за алуминиумста и ПВЦ столарија, влезни врати, брави, цилиндри и останатата опрема и прибор од овој сегмент. Во текот на своето долгогодишно постоење компанијата успеа да изгради сопствен деловен објект и постојано работиме врз зголемување на сите наши капацитети, од магацинскиот и продажниот простор, до зголемување на асортиманот на производите, бројот на вработените, возниот парк...

БМГ Алуминиум е генерален застапник за Северна Македонија и Албанија на украинската компанија WDS, производител на ПВЦ профили за градежна столарија. Профилите се со врвен квалитет, ги задоволуваат и најстрогите европси стандарди за енергетска ефикасност, цврстина, издржливост и безбедност.

Двата најбарани системи од WDS профилите кои секогаш ги имаме на лагер во големи количини се:
- WDS 6S, 6 коморен систем, 70 мм широчина и 2 дихтунзи и
- WDS 8S, 6 коморен систем, 82 мм широчина и 3 дихтунзи.

WDS профилите го поседуваат интернационалиот сертификат ROSENHEIM.

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Асортиманот на профилите и оковот постојано се менува и зголемува, приспособувајќи го на барањата на купувачите. Затоа БМГ Алуминиум во континуитет ги следи сите светки трендови во доменот на градежништвото, применувајќи ги во својата понуда. Во нашата продажна програма се застапени производи кои ги задоволуваат сите европски и светски стандарди и денес многу објекти во Македонија и поширокиот регион се изградени со профили, материјали и опрема кои ние сме ги увезле и пласирале на пазарот.

НАСТРЕШНИЦИ, ПЕРГОЛИ...

Покрај профилите за прозорци и врати БМГ Алуминиум може да се пофали и со богатата понуда на профили за изведување на најразлични надсрешници, перголи..., но и за изградба на структурални, полуструктурални и самовентилирачки фасади. Ние сме подготвени за решавање и на најкомплицираните технички барања, единствено што треба е да ни се обратите.

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

ШИРОКА ПОНУДА

Како што веќе спомнавме, во БМГ Алуминиум ги реализираме и специфичните барања на клиентите, давајќи им ја потребната техничка поддршка. Широката понуда што ја имаме е конципирана да им помага и на малите работилници, но и на големите играчи во сегментот градежна столарија, при што соодветна гаранција што им ја даваме за сите наши производи е посебен бонус за нив.

СЕНДВИЧ ПАНЕЛИ

БМГ АЛУМИНИУМ се занимава и со увоз и продажба на ѕидни и покривни сендвич панели, во најразлични дебелини, должини и со широк спектар на бои.  Панелите се со висок квалитет, прозиведени по европски стандарди, со сите потребни сертификати. БМГ АЛУМИНИУМ во секое време располага со залиха на кровни и ѕидни панели од 4.000 до 6.000 м2. Нудиме можност да нарачате панели со димензии според вашите потреби...

bmg-aluminium-clubeconomy
bmg-aluminium-clubeconomy

АЛУМИНИУМСКИ КОМПОЗИТНИ ПАНЕЛИ

Панелите се со висока цврстина и голема отпорност на надворешните временски услови и УВ зраци, а воедно делуваат и како бариера против сончевото зрачење;

Може да служат и како звучна изолација и апсорпција на вибрации;

Се разликуваат од другите композитни панели со својата топлинска изолација и незапаливи својства;

Голема отпорност од удари;

Ја заштитуваат конструкцијата од шетните ефекти предизвикани од индустриското и загадувашето од ѓивотната средина;

Изработени од лесен материјал, поради што не ја оптоваруваат констркцијата;

Може да се користат како фасадно обложување, интериер, панелни врати и преградни системи, рекламни табли...

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јадранска магистрала бр. 125,
Индустриска зона Визбегово,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа