Filters
Пребарување
БКС КОМПАНИ КОМЕРЦ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

БКС Компани Комерц 14 години сигурен партнер на пазарот. Довербата продолжува.

Компанијата БКС Компани Комерц се занимава со увоз и продажба на квалитетни суровини, репроматеријали и адитиви за:

- Кондиторска индустрија
- Пекарска индустрија
- Индустрија за сладолед
- Хемиска индустрија
- Индустрија за средства за хигиена, перење, чистење
- Тутунска индустрија

B.K.S. Sh.P.K. - Претставништво во Приштина

БКС КОМПАНИ КОМЕРЦ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
квалитетни суровини, репроматеријали и адитиви за прехранбената и кондиторската индустрија

БКС Компани

 

БКС Компани Комерц дооел, Скопје и B.K.S. Sh.P.K. Приштина, се формирани во 2011 година. Уште од самиот почеток наша цел е да понудиме квалитетни суровини, репроматеријали и адитиви за прехранбената и кондиторската индустрија, а последниве години и функционални суровини за хемиската индустрија – индустрија за производство на средства за лична хигиена, детергенти и средства за перење и чистење во домаќинствата и институциите.

Покрај испораката на квалитетни материјали, на нашите коминтенти им помагаме и со стручни совети и консултации, како преку тимот вработени, така и преку стручните служби на партнерите кои ги застапуваме и чии производи ги дистрибуираме.

Сите активности и услуги ги реализираме преку компаниите: БКС Компани Комерц, со седште во Скопје и B.K.S. Sh.P.K. со седиште во Приштина, како и нивните магацини. Двете компании се овластени дистрибутери на повеќе реномирани фирми од Европа, Малезија, Кина и Индија, за пазарите на Македонија, Косово и Албанија.

  • bks-company-clubeconomy

    Curt Georgi

    Реномиран германски производител на ароми, мириси и адитиви за цигари. Компанијата има повеќе од 140 годишно искуство во индустријата за ароми и мириси и сè уште е во фамилијарна сопственост. Денес Curt Georgi обезбедува брза и сигурна достава  во повеќе од 60 земји во светот.

  • bks-company-clubeconomy

    Candy Cocoa

    Candy Cocoa од Србија е долгогодишен производител на висококвалитетно природно и алкализирано какао во прав кое ги задоволува сите специфични потреби и барања. Во нивната понуда е вклучен широк спектар на различни видови какао во прав, во зависност од потребите на преработувачите.

  • bks-company-clubeconomy

    CheCoMa

    CheCoMa од Бугарија  е агенција за консултации во хемиската индустрија и дистрибуција на специјални хемикалии за козметика, средства за лична хигиена и средства за хигиена во домаќинството.

  • bks-company-clubeconomy

    Design Rs

    Еден од најголемите производители во регионот на овошни препарации: топинзи, овошни полнења, овошни пасти и други производи за потребите на индустријата за сладолед, пекарската индустрија, индустријата на безалкохолните пијалоци и HoReCa. Производната фабрика се наоѓа во Књажевац, на околу 300 километри југоисточно од Белград. Близината на овоштарникот овозможува квалитетна база на овошје неопходни за процесот на производство, со висок квалитет на суровините.

  • bks-company-clubeconomy

    AAK

    AAK производител од Шведска со 140 години искуство во иновирање и приспособување на решенија базирани врз растителни масла и масти за потребите на индустријата за храна, кондиторската индустрија и козметиката. Овластени сме за дистрибуција на ААК производите само на Косовскиот пазар.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Качанички пат бр. 158,
Индустриска зона Визбегово, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сања Симоновска


Мапа