Filters
Пребарување
БФМ КОМПАНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БФМ Компани се занимава со продажба на материјали, опрема и инсталациона опрема за системи за:

- Греење
- Ладење
- Климатизација
- Водовод
- Соларни системи
- Алати

Подетално за компанијата

bfm-company-clubeconomy

Греење

bfm-company-clubeconomy

Ладење / Климатизација

bfm-company-clubeconomy

Водовод / Санитарии

bfm-company-clubeconomy

Соларни системи

 
ладење, греење, водовод и соларна енергија

БФМ КОМПАНИ

 

Почетоците на фирмата BFM започнаа во Швајцарија, а по првите успеси, компанијата реши своето искуство да го пренесе и на македонскиот пазар. Со проширувањето на ангажманот на BFM сакавме да создадеме економски мост помеќу Македонија и Швајцарија, заснован врз принципите за квалитетни производи, транспарентност во работата и обезбедување целосна доверба на клиентите.

Компанијата BFM е основана во 2003 година, со основна дејност – трговија на големо и мало со широк спектар на разновидни производи од светски реномирани брендови, во сферата на ладење, греење, водовод и соларна енергија. Во 2007 година ја проширивме нашата понуда и започнавме соработка со Aluplast, производител на исклучително квалитетни цевки за изведување инсталации за централно греење.

Со постојана посветеност и фокусирање кон задоволството на клиентите, во BFM дојдовме до сознание дека е неопходно да ги зголемиме нашите капацитети во сите основи – работни простории, магацин, број на вработени... за да можеме да го зголемуваме квалитететот на нашите услуги. Оваа потреба стана уште поитна со растот на барањата од клиентите.

Како компанија работиме неуморно, затоа и сме особено горди на нашите бизнис успеси. Постојано сме посветени кон растот на компанијата за да ги зголемиме можностите, со интегрирање на проекти од Швајцарија, зголемување на понудата со нови и нови производи кои секојдневно се појавуваат на пазарот следејќи ги најновите технолошки достигнувања, од аспект на поголема енергетска ефикасност и задоволување на строгите еколошки стандарди.

Како компанија BFM секогаш се стреми да ги следи најновите трендови во својата дејност, а исто така да придонесува за развој на локалната економијам нудејќи стабилни и безбедни партнерства во различни сектори.

ПАРТНЕРИ

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Клуково бб, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа