Filters
Пребарување
БЕ-ДА ЛОГИСТИК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

НИЕ ГО ДВИЖИМЕ СВЕТОТ НАПРЕД

Компанијата BE-DA LOGISTICS овезбедува логистички услуги кои ги покриваат сите видови транспорт ширум светот. Со нашите услуги и транспорт ги застапуваме сите индустрии и производи.

30.000+ успешни товарни достави со
илјада задоволни партнери и клиенти

Можете да одберете од спектарот на нашите услуги за транспорт и логистика

beda-logistic-clubeconomy
beda-logistic-clubeconomy
beda-logistic-clubeconomy
beda-logistic-clubeconomy
beda-logistic-clubeconomy
beda-logistic-clubeconomy

Подетално за компанијата

НИЕ ГО ДВИЖИМЕ СВЕТОТ НАПРЕД

БЕ-ДА Логистик е third-party логистичка компанија. Обезбедуваме транспортни и логистички решенија од 2011 година и притоа се грижиме за секој чекор од патувањето. Овозможуваме безбед транспорт, квалитетна услуга и навремено пристигнување. Сето ова е поддржано од нашиот тим агенти за транспорт и логистика.

 

Наша главна задача е да ги доближиме клиентите со нивните потрошувачи, да обезбедиме сигурен транспорт за бизнисите и да ги осигураме нивните производи при транспортот. БЕ-ДА Логистик врши транспортни услуги од цела Европа за Северна Македонија, Албанија, Косово и останатите балкански држави, како и обратно.

 

Наша мисија е секогаш да го понудиме најдоброто решение, да одговориме на секој повик и истовремено да гарантираме атрактивна и фер цена за услугата. Посветени сме секогаш да обезбедиме навремено пристигнување на стоките без разлика на дестинацијата.

 
ИСТОРИЈА

БЕ-ДА Логистик е основана 2011 година, во Скопје, и оттогаш успеавме да ја стекнеме довербата на над 1.000 компании во 37 земји. Во 2016. отворивме канцеларија во Драч, Албанија, а од 2021-та имаме и претставништво во Косово.

be-da-logistic-clubeconomy

УСЛУГИ

БЕ-ДА Логистик може да понуди услуги во сите транспорти, копнен, авионски, бродски и железнички транспорт.
Нашите услуги вклучуваат извоз, увоз, локален, збирен и контејнерски транспорт за сите индустрии, како прехранбената индустрија, градежништво, дрво, пластика, текстил, суровини, железо, челик, хемиски и опасни материи.
Имаме сопствен возен парк од 10 камиони (ладилници) и соработуваме со повеќе од 300 транспортни компании.

ТРАНСПОРТ НА СВЕЖИ ПРОДУКТИ

Специјалност ни е транспорт на свежи продукти кои имаат краток рок на употреба (не подолго од 21 ден, од денот на производството), а оваа наша услуга докажува дека сме секогаш точни и дека производот секогаш постигнува на својата дестинација на време.

be-da-logistic-clubeconomy
be-da-logistic-clubeconomy

GPS СЛЕДЕЊЕ И CMR ОСИГУРУВАЊЕ

Нашата линија на копнен транспорт се одвива непрекинато помеѓу С. Македонија, Албанија, Косово и и останатите балкански држави со цела Европа. Ние водиме евиденција за утоварите на нашите клиенти и безбедно движење на транспортот до точните локации. Времето на испорака е од огромно значење за секој бизнис, поради ова даваме големо внимание за овој клучен елемент кој го прави комплетен целосниот процес на транспортот.

Обезбедуваме GPS следење и CMR осигурување на возилата, комплетна документација за целиот транспорт, координирање на транспортот, логистички решенија и 24/7 грижа за клиентите. Овие услуги ни помагаат да го намалиме времето за испорака и да ги задоволиме потребите на нашите клиенти.

be-da-logistic-clubeconomy
БЕ-ДА Логистик е вашиот модерен логистички партнер доколку барате
партнер кој ја практикува технологијата како предност.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 1551 бр. 10, Визбегово, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа