Filters
Пребарување
БДД – СТЕРИ ДОО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

БДД- СТЕРИ е првата компанија во Р. Македонија која користи нови солуции за создавање на чист воздух во опкружувања оптоварени со инфекции, вируси, габи и бактерии, во загадувачките индустрии и во урбаните центри.

Автоматска дезинфекција со озон.
Докажана ефикасност од 99,99 % во отстранување на вирусот од површините.
STERISAFE не е прочистувач на воздух.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Здравствени инстиуции, фармација, градинки, училишта, производствени капацитети за храна, компании, приватни стамбени единици и секаде каде што има потреба за чист и озониран воздух

БДД – СТЕРИ ДОО

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

БДД- СТЕРИ е првата компанија во Македонија која користи нови солуции за создавање на чист воздух во опкружувања оптоварени со инфекции, вируси, габи и бактерии, во загадувачките индустрии и во урбаните центри. Нашите иновативни технологии им овозможуваат на клиентите решенија за чист воздух отелотворени како зелени технологии, во сите видови внатрешни средини од различни големини.

Компанијата БДД- СТЕРИ има ексклузивна соработка со INFUSER чие седиште се наоѓа во Данска. Тимот на INFUSER го сочинуваат интернационални експерти и научници кои работат непосредно со академијата и индустријата, во нивната база и лаборатории лоцирани во срцето на научниот град Копенхаген.

bdd-steri-clubeconomy
bdd-steri-clubeconomy

ЦЕЛИ

Ние сме компанија со висока општествена, социјална и етичка одговорност. Нашата главна цел е да станеме лидер на македонскиот пазар во обезбедување на услуги за деконтаминација на сите видови површини од мулти-отпорни бактерии, габи и вируси, прочистување на воздухот и елиминирање на лошиот мирис од индустриски и останати емисии.

bdd-steri-clubeconomy

МИСИЈА

Нашата мисија е да обезбедиме зелени, одржливи, ефикасни и иновативни решенија за стерилизација на секаков вид на простории, капацитети и објекти, создавајќи при тоа позитивен придонес кон животната средина.

bdd-steri-clubeconomy

ВИЗИЈА

БДД- СТЕРИ има визија да овозможи за себе, своите клиенти, партнери и останати соработници, почисто опкружување и почиста атмосфера, како во сегашноста, така и во иднината.

bdd-steri-clubeconomy

ВРЕДНОСТИ

Ние работиме тимски, ја превземаме одговорноста за нашите активности, ги спроведуваме нашите цели, ги испорачуваме нашите ветувања. Се обврзуваме да одиме чекор понатаму во создавањето услуги кои ќе креираат решенија на кои сите ние сме горди. Нашите производи и услуги им помагаат на компаниите да профитираат на различни начини, од намалување на бројот на вработени, намалување на инфекции и болести во контаминирани простории, објекти или во урбани центри, отстранување на лоши мириси, до елиминирање на неопходноста за затворање на одредени капацитети поради неможност за исполнување на одредени стандарди регулирани како законски обврски.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ристо Шишков бр. 24/2, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа