Подетално за компанијата
Македонска Авторска Агенција ДОО е првата агенција со 70-годишна традиција во заштита и управување со авторските права во Република Северна Македонија и пошироко. Во текот на 70-годишното работење Агенцијата преку вршење на дејностите од својот домен учествувала во реализација на многубројни авторски проекти и културни манифестации, во правно-финансиското регулирање на авторските права, при изработка на најзначајните споменични обележја во Р.С. Македонија, како и издавачки и други проекти од национално значење, со што е учесник во сето она што го сочинува нашето културно живеење.
Со своето долгогодишно искуство во дејноста на авторскоправната заштита, оваа институција претставува субјект кој стручно ги толкува и применува одредбите од Законот за авторското право и сродните права во Р.С. Македонија како и останатите закони, па врз основа на тоа има значајна советодавна улога во решавањето на прашањата од авторскоправната проблематика.
Нашата мисија е едноставна - да ја негуваме креативноста, да ги заштитиме правата на авторите и да обезбедиме фер користење на нивните дела. Со долгогодишно искуство и професионален тим, ние сме мостот помеѓу авторите и корисниците на нивните дела, овозможувајќи заштита и фер надомест. Нашиот тим брои 11 вработени, од кои 5 дипломирани правника со следниве дополнителни квалификации: Магистер по право на интелектуална сопственост, Магистер по деловно право, Магистер по право - административна насока, Уверение за положен правосуден испит и Уверение за положен стручен испит за застапници во постапката за заштита на индустриска сопственост, 2 дипломирани економисти и 4 вработени со ССС.
Што правиме?
✅ Основна дејност на Агенцијата е застапување на авторите при реализација на нивните авторски права во врска со користењето на нивните дела. Таа ги опфаќа следните активности: Изработка на авторски договори и договори за дело, доставување на фактури за наплата на авторски хонорари, советодавна улога во врска со прописите за авторско право, прибавување на авторизации за објавување на дела од странски автори во Р.С.Македонија, целокупно администрирање на научно-истражувачки и други проекти, кога нивни носители се физички лица;
✅ Вршиме регистрација и правна помош за заштита на вашите авторски дела;
✅ Преговараме и изработуваме договори за користење на музика, литература, филмови и други креативни содржини од домашни и странски автори;
✅ Меѓународна соработка - Благодарение на нашите партнерства со сродни агенции низ светот, ги штитиме вашите права и надвор од границите на Р.С. Македонија.
Зошто да ја изберете МАА?
✅ Искуство и традиција - Ние сме првата и водечка агенција во Р.С. Македонија за авторски права која непрекинато работи од 1955 година.
✅ Професионалност - Нашиот тим е составен од експерти со долгогодишно искуство во областа на авторските права.
✅ Посветеност - Секогаш работиме во интерес на авторите и нивните дела.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Кочо Рацин бр. 14, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт