Пребарување
АВТО - МОБИЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АВТО - МОБИЛ e прва специјализирана фирма за сервисирање и трговија со
амортизери во Македонија

- Продажба и вградување на амортизери од најпознатите светски брендови: NBNF, MONROE,
KYB, AL-KO, Gabriel
...

- Тестирање на амортизери за само 100 денари
- Репарирање на амортизери со две години гаранција
- Гасно полнење на репарирани амортизери

Овластен сервисер и дилер за големопродажба и малопродажба на амортизерите NBNF
Овластен сервисер и дилер за големопродажба и малопродажба на еден од најголемите производители на амортизери во светот MONROE 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Авто сервиси и продавници од цела Македонија, по големопродажни цени 

АВТО - МОБИЛ

УСЛУГИ

Подетално за компанијата

Компанијата АВТО-МОБИЛ e прва специјализирана фирма за сервисирање и трговија со амортизери во Македонија. Со работа почнавме во 1992 година и за кратко време израснавме во респектабилна фирма лидер во трговијата и сервисирањето на амортизерите во Македонија. Во 1993 година АВТО МОБИЛ стана овластен сервис и дилер на еден од најголемите производители на амортизери во светот MONROE.

НАЈСОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ

Во ноември 2003 година продолживме со работа во нов објект, лоциран веднаш зад бензинската пумпа во Бутел 1 во Скопје. изграден според најсовремените стандарди за дијагностицирање и поправка. Со три работни места за брза интервенција, со вкупна површина од 130 м2. Потоа, со посебен погон за репарирање на амортизери, со посебена опрема за ригорозна контрола на квалитетот на извршената репарација. Магацински простор за нови и репарирани амортизери.

avto-mobil-clubeconomy
avto-mobil-clubeconomy
ВИСОК КВАЛИТЕТ

Во АВТО - МОБИЛ останавме доследни на стручноста и високиот квалитет на извршените услуги, како и љубезноста и високата професионалност. За да бидеме во чекор со времето и барањата на клиентите инсталиравме специјална опрема за тестирање на амортизери, која прецизно (во проценти) ја мери истрошеноста на амортизерите и точно утврдува кои од нив треба да се заменат. Набавивме и линија за гасно полнење на репарираните амортизери. Со тоа квалитетот и перформансите на репарираните амортизери се речиси идентични со новите амортизери, на што укажува и гаранција од 3 години што ја даваме за нив.

ОВЛАСТЕН СЕРВИС И ДИЛЕР НА NBNF

Во април 2013 година АВТО - МОБИЛ отвори уште еден сервис во населбата Аеродром, во кругот на Раде Кончар. Со што потврдивме дека сме сериозна компанија која ги следи желбите и барањата на коминтентите.

Денес АВТО - МОБИЛ е овластен сервис и дилер на еден од најголемите производители на амортизери од истокот NBNF. Со овој чекор успеавме да одговориме на новите услови на пазарот и да понудиме амортизери со одличен квалитет за одлична цена.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Урдаревски бб, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Круме Стефановски


Мапа