Filters
Пребарување
КАРИБУ САНА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ART FLOW е атеље за рачна изработка на филиграни од срмен конец каде модерното и традиционалното се вклопуваат во едно 

КАРИБУ САНА дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Karibu Sana doo стои зад брендот Art Flow – филигран од срма, атеље каде што традицијата и современата уметност се спојуваат во едно. Нашата специјалност се рачно изработени уметнички слики од срмен конец во филигран техника, каде секој детал е резултат на трпение, вештина и љубов кон уметноста.

Покрај традиционалните македонски мотиви, создадаваме и современи композиции кои внесуваат свежина и елеганција во секој простор. Секоја наша слика раскажува приказна – ваша приказна – бидејќи нудиме и персонализирани изработки по желба на клиентите: од логотипи на компании, хороскопски знаци, па сè до уникатни корпоративни подароци.

Во изминатите години, горди сме што соработувавме со големите и успешни компании и корпорации во Македонија, како и со министерства, невладини организации и приватни клиенти.

art-flow-clubeconomy
art-flow-clubeconomy

Нашата формула е едноставна:

🎨 висок квалитет,

⏰ секоја испорака навреме,

💎 конкурентни цени,
и над илјадници задоволни клиенти кои го препознале уникатниот потпис на Art Flow.

Без разлика дали сакате готово уметничко дело, работа по нарачка, или корпоративен подарок со ваш белег, кај нас ќе го најдете идеалниот баланс меѓу традицијата, модерниот израз и персоналниот допир.

Karibu Sana doo / Art Flow – каде традицијата и креативноста течат заедно.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Комплекс Македонско село - Горно Нерези, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/353 317

Социјални медиуми

Лице за контакт

Кристина Тасевска


Мапа