Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?
Главен мотив ми е да ги инспирирам вработените пренесувајќи им чувство на важност и оптимизам во нивното тековно работење. Со вработените треба да се споделат сите успеси на компанијата со што ќе им се даде чувство на важност и гордост. Поставувањето јасни цели и очекувања е клучно за мене, но сето тоа е можно само со добра комбинација на постојана поддршка од вработените и мојот активен увид во нивното работење.
На работа сте осамен волк или капитен на тимот?
Се разбира капитен. Имам правилен лидерски однос со тимот и одговорна сум за сите одлуки што ги носи. Одговрна сум за мисиите и целите на тимот, донесувањето на одлуки за тоа Што треба да се направи и Зошто.
Осамените волци најчесто се лоши шефови, тие не можат да видат дека водат преку авторитет, принуда и страв.
Членовите на мојот тим ме следат поради вистински причини, кои вклучуваат инспирација, доверба и восхит
Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?
И двата лика се блиски до идеалниот менаџер. Секако, ликовите на менаџерот се менуваат во зависност од целта. Менаџерот едноставно е харизматичен лик, кој води и ги инспирира вработените да го следат.
Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?
Можеби бев воркохолик некое време на почетокот, но сеге повеќе не е така. Една од главните работи на менаџерот е добрата организација на времето. Потребно е да се постават јасни очекувања и временски рокови, како и да се научи тимот да планира и подобро да го процени своето време. Потребно е да се изградат политики што го штитат времето.
Се чуствувате ли и Вие така?
Не, не се чувствувам како воркохолик, точно знам на која работа да и дадам приоритет, премногу задачи во исто време значи и неисполнување на некои од нив или нивно делумно исполнување, но не и постигнување на целта. Задачите кои ми се приоритет ги започнувам и завршувам на време, во спротивно тоа би значело дека временските рокови не се јасно поставени.
Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?
Работењето под dead line притисок доведува до зголемување на адреналинот, возбудливо е за секој лидер, се работи за задача која треба да се заврши за краток период и истата треба квалитетно да се изработи, што значи дека резултатот не е секогаш позитивен и може да доведе до одредени фрустрации. Но, доколку целта се исполни, задоволството е големо.
Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?
Мислам дека имам и е непроценливо добра особина. Амбицијата знае да биде ефективна мотивација да се оствариме подобро, но зборувам за здрава амбиција. Немилосрдната амбиција може да има негативни ефекти врз работниците, колегите и претпоставените, како и да штети на тимската работа.
Конкуренцијата – пријател или непријател?
Пријател, таа е фундаментална економска сила, под нејзин притисок компаниите постојано ги подобруваат производите, нудат атрактивни цени, ја зголемуваат палетата на производи. Секоја позитивна деловна конкуренција за мене е пријател.
Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?
Целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле – Наполеон Хил.
Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?
Обидот да се балансира работата и семејството е многу тежок, можеби не секогаш чувтсвувам контрола, но рамнотежа мора да постои, сепак семејството е на прво место.
Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?
Место каде можам да го избегнам стресот и ограничувањата во секојдневниот живот и да се чувствувам целосно опуштена - природата, таа ме враќа во мојот центар.
Страствено или пасивно следите спорт? Кој?
Пасивно, но знам да бидам и страствен навивач кога мојата мила Македонија се натпреварува, без разлика дали се работи за кошарка, ракомет или некој друг спорт.
Филм или театар?
Филм.
Книга за на плажа?
На пат – Џек Керуак.
Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...
Во секоја своја активност користете ги срцето, интелектот и душата. Тоа е тајната на успехот.
expr 843123320 + 805089561