ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








За нас

Почитувани пријатели, членови на Club Economy

Пред 12 години со Ваша помош успеавме да направиме неформален бизнис клуб. Го реализиравме преку Бизнис адресарот CLUB ECONOMY кој произлезе од долгогодишното искуство на Economy Press, во медиумското презентирање на македонските претпријатија. Првото издание беше печатено, потоа прераснавме во електронски медиум, а денес сме најголемата платформа на бизнис веб презентации за компаниите: целосно претставување на работењето, производите и услугите на компанијата, со каталози, рекламни флаери, ценовници, видеа, галерија... Едноставно не сме телефонски именик.

CLUB ECONOMY денес е најголемиот македонски бизнис портал, посветен на B2B маркетингот и претставува мост при пронаоѓањето на идните бизнис партнер. Нашата цел е да Ви помогнеме да го скратите времето на пребарување, да Ви помогнеме полесно да ја запознаете конкуренцијата, да видите до каде е таа со својот развој и во што се разликувате. И главното, да си одговорите на прашањето – Како до нови предизвици? - Club Economy ви помага при градењето на стратегијата како да дојдете до нови партнери и нови купувачи.

Денес во светот е актуелна максимата - "Ако ве нема на интернет, е исто како и да не постоите". Меѓутоа, брзиот развој на интернетот и потребата да се биде on-line услови веќе да не е доволно да се има само веб страница, без разлика колку е таа убава. Улогата на бизнис порталите е да им ја сервира таа убава веб страница на потенциалните купувачи и партнери. Нешто слично како големите трговски центри во кои влегувате сигурни дека ќе го најдете она што го барате. CLUB ECONOMY ја игра таа улога за компаниите во Македонија, а бидејќи е преведен на англиски јазик претставува и Ваш линк до глобалниот маркетинг.