Подетално за компанијата
Р-МЕТАЛИКА
Р-МЕТАЛИКА е основана во 1991 година, компанијата успешно работи и опстојува веќе 25-та годинa на македонскиот пазар, како резултат на професионалноста, посветеноста и секако задоволството на нашите клиенти.
Компанијата Р-МЕТАЛИКА е генерален застапник и овластен дистрибутер на панелни системи за огради и системи за лизгачки врати од Guven-Panel Fence Systems и Teksan Metal за Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.
КВАЛИТЕТ
Оградите се изработени од висококвалитетен нерѓосувачки челик, истите се галванизирани и бојадисани со електростатична боја.
Оградите се карактеризираат со висок квалитет и најсовремен дизајн за сите видови станбени и деловни објекти.
Оградите доаѓаат во комплет со целата потребна опрема, што значи дека немате дополнителни трошоци.
ПРОДАЖБА
Основна дејност на Р-МЕТАЛИКА е продажба на системи за огради, системи за лизгачки врати, како и давање најразлични браварски услуги и изработка на гелендери, маси, спални, столици, клупи, вазни... од ковано железо и од росвајт.
Исто така, нудиме и идејни решенија со комплетна скица на зададена основа и целосна реализација на проектите. Р-МЕТАЛИКА ги поседува сите потребни стандарди и сертификати за квалитет. Комплетна понуда на огради од ковано железо за деловни простори, куќи, станови, од сопствено производство, со врвен квалитет.
ПРОИЗВОДИ
-
Панелна ограда
-
Ограда од ковано железо
-
Врати од ковано железо
-
Гелендери
-
Поцинкувана заварена мрежа за ограда
-
Ограда од вештачка трева
-
3D Панелна ограда од холандска галванизација - 40 години гаранција
-
Автоматика за врати - Генерален увозник од IBFM Италија
-
Ограда - double fence
-
Ограда за камен (габион)
-
Жилет жица
-
Бодликава жица
-
Плетена мрежа
-
Нудиме галванизација за сите видови на метални производи со најповолни цени во Македонија
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Христифор Жефаровиќ бр. 1/8,
1000 Скопје
Ул. Методија Андонов Ченто бб, Скопје - Продавница - Изложбен салон
Град: Скопје
Држава: Македонија