Filters
Пребарување
ТИМАС
Тел: +389 (0)76/228 010 – Магацин Струмица
Е-пошта: [email protected]
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТИМАС се занимава со продажба и производство на:

- Производи за пакување: ПЕТ, пластични и алуминиумски садови, стреџ и алуминиумска фолија...
- Производи за домаќинство и кетеринг
- Производи за хигиена: салвети, тоалетна хартија, течен сапун, детергенти за садови...

Подетално за компанијата

ТИМАС

Компанијата ТИМАС од Струмица почна со работа во 1993 година како мал семеен маркет и сите овие години бележи перманентен раст, потпирајќи се првенствено врз следењето на трендовите и барањата на клиентите. Денес ТИМАС е модерна компанија која се занимава со големопродажба на повеќе од 400 производи од доменот на амбалажата и пакувењето, потоа производи за домаќинствата и за кетеринг, производи за хигиена и производи за општа употреба. Компанијата има повеќе од 40.000 задоволни клиенти, а еден дел од производите што ги продава и самата ги произведува.

clubeconomy
clubeconomy

АМБАЛАЖА

ТИМАС на пазарот е познат по пластичната, алуминиумската и амбалажата од ПЕТ материјал, наменета за пакување на храна во кетерингот, потоа за пакување на земјоделски и други прехранбени производи во трговијата. Познати сме и по алуминиумските и стреџ фолиите, што се употребуваат во домаќинствата и при пакување храна во кетерингот, но и за палетирање.

Дел од нашето производство се и хартиените чинии и салветите, кои можат да бидат бели или печатени. Посебен хит на пазарот се роденденските чинии, печатени со мотиви од детските книги и стрипови...

ПРОИЗВОДИ ЗА ХИГИЕНА

Во палетата производи имаме и тоалетна хартија, потоа производи за одржување хигиена, течни сапуни, детергенти за садови, сунџери, кеси за отпадоци, метли, четки и уште многу други предмети за секојдневна употреба.

clubeconomy
clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Со долгогодишното работење ТИМАС покажа дека произведува и продава производи со одличен квалитет. Тимот на ТИМАС секојдневно ги следи трендовите и барањата на клиентите, со што постојано ја прошируваме палетата на производите што ги произведуваме и што ги продаваме.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Народен Фронт 41, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)76/228 010 – Магацин Струмица

+389 (0)76/466 256 – Комерцијалист во Струмица/Гевгелија

+389 (0)75/343 969 – Комерцијалист во Кавадарци/Неготино

+389 (0)75/592 248 – Комерцијалист во Охрид/Струга

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи