Подетално за компанијата
СТЕНСО МАК
Компанијата СТЕНСО МАК започна со работа во септември 2016 година и веќе во првата година забележи значајни успеси. Основна дејност на СТЕНСО МАК е увоз и трговија со лична заштитна и работна облека.
ПРОДАЖЕН САЛОН
Компанијата располага со специјализиран продажен салон и магацински простор, во кои коминтентите може на лице место да се запознаат со нашата програма и да ги изберат производите што им се потребни. Со овој начин на работа ја гарантираме и брзината на испораките, бидејќи можеме да понудиме производи кои веќе ги имаме во нашиот магацин.
ШИРОКА ПАЛЕТА НА ПРОИЗВОДИ
СТЕНСО МАК располага со широка палета производи. Во секој момент имаме повеќе од 4 илјади производи, при што, покрај за типичните индустрии, како што се градежништво, производство на храна, кондиторска индустрија, земјоделство и други индустриски капацитети, имаме и производи за хотелиерство, гастрономија, угостителство, здравство... и за други услужни дејности.
ОСТАНАТИ ПРОИЗВОДИ
Покрај работна и професионална облека, нудиме и голема палета на производи за слободно време и рекреација. Повелете, разгледајте ја нашата понуда на спортска облека и чевли, по конкурентни цени...
БРЕНДОВИ
Производи од реномирани брендови, ПОКАЖАНИ И ДОКАЖАНИ НА ПАЗАРОТ во регионот, од кои го издвојуваме брендот СТЕНСО. Брендови за кои го гарантираме квалитетот и кои постојат повеќе од 15 години на балканскиот пазар.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Србија бр. 13 A, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија